9 март, 2013

Погледнете го „Almost Home“ од Мараја Кери

Новиот филм од Дизни продукција „Oz the Great and Powerful“ во режија на Сем Раими, вчера беше премиерно прикажан во кино салите во САД. За насловната тема на филмот во кој улогите ги играат Џејмс Франко, Мила Кунис, Рејчел Вајс и Мишел Вилијамс, беше задолжена Мараја Кери. Песната „Almost Home“, чија продукција ја потпишува Старгејт, доби и видео издание, а претежно црно-белиот видео запис можете да го погледнете горе.

 



Врати се горе ↑