6 ноември, 2015

Погледнете го „Alive“ од Сиа

Австралиската ѕвезда го претстави видео записот за нејзиниот прв сингл од претстојниот албум „This Is Acting“, кој ќе пристигне на 29 јануари следната година. Станува збор за хитот „Alive“, во чија екранизација главна ѕвезда е уште едно чудо од дете. После неколкуте видео записи со Меди Зиглер, Сиа овој пат ја ангажираше Махиро Такано, талентирано девојче од Јапонија кое ги прикажува своите боречки вештини, носејќи ја веќе симболичната двобојна перика, карактеристична за овој албум. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑