1 јули, 2013

Погледнете го „Ајварот“ на Тончи Хуљиќ и Емил Арсов

Како што беше најавено деновиве, за денеска беше закажана премиерата на новиот сингл „Ајвар“ од Тончи Хуљиќ и бендот Мадре Бадеша со нашиот пејач Емил Арсов, чија музика ја потпишува Тончи, а текстот  Вјекослава Хуљиќ. Ова е прва песна од новиот проект на познатиот хрватски музичар која ја отпеа Арсов, а соработката веројатно ќе продолжи и понатаму. Навистина интересен и весел видео запис во режија на Маријо Грабовац, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе.

 

 



Врати се горе ↑