21 јуни, 2014

Погледнете го „A Sky Full Of Stars“ од Колдплеј

Романтичната песна „A Sky Full Of Stars“ која бендот Колдплеј ја претстави како втор сингл од новиот албум, деновиве дови и свое видео издание во режија на Кејт Морос. Снимена на улиците во Сиднеј, екранизацијата на оваа песна има атмосфера на „флеш моб“, а покрај лидерот Крис Мартин ќе ги видите и останатите членови на бендот во улога на улични свирачи во стилот „оркестар од еден човек“, со гитари во рацете, тапани на грбот, шарени чадори, усни хармоники и многу други придружни инструменти.

За продукцијата на песната беше задолжен популарниот шведски диџеј и продуцент Авичи, а како изгледа вториот сингл од албумот „Ghost Stories“ можете да погледнете горе.

 



Врати се горе ↑