22 ноември, 2014

Погледнете го „7/11“ од Бијонсе

Како што Ви пренесовме неодамна, пејачката со најголема заработувачка според „Форбс“ за 24 ноември го најави платинестото реиздание на нејзиниот последен визуелен албум „Beyoncé“, кој ќе биде освежен со уште 2 нови песни, 4 ремикси, 10 изведби во живо и календар за 2015 година. Непосредно пред датумот на објавување, госпоѓата Картер, чија биографија ќе пристигне следната година, ја претстави песната „7/11“, која доби и интересен видео запис во кој пејачката се забавува со нејзините пријателки, а како изгледа сето тоа можете да видите горе.

Најавата за платинестото издание можете да ја видите во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑