3 април, 2013

Погледнете го „5 AM in Toronto“ на Дрејк

По видео записот за првиот сингл „Started From The Bottom“, најуспешниот рапер во историјата на американските топ листи, Дрејк на почетокот на месец март го објави и вториот сингл, со кој го најавува неговиот нов албум „Nothing Was The Same“, закажан за на лето, а сега песната „5 AM in Toronto“ доби и свое видео издание. Како што Ви пренесовме претходно, во новата песна Дрејк зборува за својот успех на музичката сцена, вели дека годинава конечно ќе се најде на листата на најбогатите на магазинот Форбс и се жали дека другите рапери често го копираат (како што вели „секоја песна звучи како ’Drake featuring Drake’“).

Во новиот видео запис чија режија ја потпишуваат Рам Акумах и Ендру Хамилтон, Дрејк ни покажува што сè можете да правите во Торонто во доцните вечерни и раните утрински часови (на пример, да играте одбојка на песок со тим манекенки). Како тоа изгледа можете да видите горе.

 

Извор: Idolator



Врати се горе ↑