14 март, 2013

Погледнете го „22“ од Тејлор Свифт

Младата американска пејачка која во изминатата година го освои светот и ја имаше честа да го отвори годинешното доделување на Греми наградите, Тејлор Свифт деновиве го претстави видео записот за новиот сингл од нејзиниот актуелен албум „Red“. Станува збор за нумерата „22“, која доби доста интересно и забавно видео издание, а како што пишува магазинот Idolator, таа изјавила дека за време на снимањето се забавувала како никогаш до сега. Во видео записот кој се снимаше во Малибу се појавуваат и нејзините најдобри другарки, а како сето тоа изгледа погледнете горе.



Врати се горе ↑