20 февруари, 2013

Погледнете го „2013“ од Прајмл Скрим

Како што стојат работите, новиот албум на Прајмл Скрим и изданието кое ќе го наследи „Beautiful Future“ од 2008 година дефинитивно ќе биде албумот „More Light“, кој сега доби и датум на издавање (потврден само за пазарот во Велика Британија), а тоа е 6-ти мај. Познато е дека на новиот албум ќе гостува и стариот соработник на бендот, Кевин Шилдс од повторно активните Мај Блади Валентајн, како и неговата колешка од бендот, басистката Деби.

А сега Прајмл Скрим го претставуваат и видео записот за првиот сингл, песната „2013“ во која доминира токму карактеристичниот звук на гитарата на Шилдс и чија албумска верзија ќе трае 9 минути, додека четириминутниот филм го режирал дизајнерот и уметник Реи Надал.

 Извор и фото: MTV/Spin



Врати се горе ↑