22 септември, 2014

Погледнете го „100 денари“ од Петар Малинов и Кацар

Фронтменот на кочанското анплагд трио „Криптон“, Петар Малинов сними дует со раперот Александар Кацарски – Кацар од Токсиколози, насловен „100 денари“. Оваа прва песна на Петар Малинов во соработка со Кацар од „Токсиколози“, деновиве доби и свое видео издание кое можете да го погледнете горе.

„Песната е инспирирана од една неуспешна афера по која понекогаш се доаѓа до заклучок дека материјалното остава поголема трага од емотивното“, велат авторите.

„100 денари“ ја напиша гитаристот на „Криптон“, Андреј Блажев, додека текстот е на Петар Малинов, Кирил Стојменов и Александар Кацарски – Кацар. Како аранжер режисер се јавува Јордан Манов, кој ги отсвири и гитарите и тапаните во песната.



Врати се горе ↑