22 јануари, 2013

Погледнете ги „Пиратите“ на Рик Рос

Како што пишува магазинот Idolator, статистиките веројатно би покажале дека во претходните година дена Рик Рос објавил околу 20 спотови, а сега пристигна и новиот спот за првата песна од неговиот актуелен албум „God Forgives, I Don’t“, објавен минатата година. Станува збор за нумерата „Pirates“, чија продукција ја потпишуваат Кеное и Гот Коук. Во песната Рос размислува за успехот кој го остварил, за тоа колку било тоа тешко и во колку лоши услови израснал, како и за уметниците кои го инспирирале на ваков животен потфат (секако не се заборавени легендарниот Тупак Шакур и Ноториус БИГ), додека во спотот го гледаме прикажан како необичен модерен „пират“. Погледнете како изгледа сето тоа.

 



Врати се горе ↑