18 април, 2014

Погледнете ги новите видео записи од Гаро и браќата Тавитјан

Уште две песни од проектот „Македонското срце чука во 7/8“  на Гаро и браќата Тавитјан добија свои видео изданија кои беа промовирани неодамна. Станува збор за преработките на темите „Битола, мој роден крај“ во соработка со Оливер Драгојевиќ и „Сношти сакав да ти дојдам“ со Аки Рахимовски. Видео записот за „химната“ на најопеаниот град во Македонија се снимаше на повеќе локации низ Битола, Скопје и Сплит, главната улога во приказната ја има Џули Црвенковска, а за потребите на видео записот беше ангажиран и оркестарот „Арко“. Интересно е тоа што кога му била понудена соработка за албумот, познатиот хрватски музичар самиот ја избрал оваа антологиска песна чиј автор е Ајри Демировски. Како изгледа екранизацијата на „Битола, мој роден крај“ можете да погледнете горе.

Мла­да­та ак­тер­ка и му­зи­чар­ка Ја­на Сто­ја­нов­ска ја тол­ку­ва глав­на­та жен­ска уло­га во ви­де­о­ за­пи­сот за „Снош­ти са­кав да ти дој­дам“, на којa бра­ќа­та Та­вит­јан со­ра­бо­ту­ва­ат со Аки Ра­хи­мов­ски, а ги­та­ри­те на ну­ме­ра­та ги сви­ри Го­ран Бре­го­виќ. Ви­де­о­то би­ло сни­ма­но во два де­ла; во пер­и­о­дот око­лу Но­ва го­ди­на, ко­га ле­ген­дар­ни­от пе­јач на Пар­ни ваљак прес­то­ју­вал во Ма­ке­до­ни­ја, бил сни­мен во сту­дио, а Ја­на со бра­ќа­та Та­вит­јан го за­вр­ши­ле вто­ри­от дел од спо­тот во ви­нар­ни­ца­та „Тик­веш“ во Kа­ва­дар­ци. Двата видео записа се реализирани од Мунлајт продукција.



Врати се горе ↑