Видео nia7m

2 декември, 2015

Погледнете ги настапите од седмата и подготовките за осмата гала вечер „На иста адреса“

Веќе имавте можност да ги видите само настапите од седмата гала вечер, како и коментарите од натпреварувачите во шоуто „На иста адреса“, а сега можете да ја прегледате и целата емисија со коментарите од жирито составено од Весна Бејби Петрушевска, Маја Вукичевиќ, Влатко Илиевски, Лила Филиповска и Боки 13. 

 

Бројот на натпреварувачи се намалува секоја недела, а на седмата гала беа дисквалификувани дури 3 кандидати – Ивона, Зои и Игор. Токму затоа преостанатите седум работат напорно и си помагаат за што подобро да се претстават в недела.

 

Покрај подготовките на осмата гала вечер, натпреварувачите сепак наоѓаат време и за забава, играјќи игри како што се бесилка и асоцијација. Како изгледаше сето тоа погледнете во продолжение.



Врати се горе ↑