Видео

23 февруари, 2017

Погледнете ги настапите од британските музички награди

Во лондонската арена „О2“ вчера се одржа годинешното доделување на британските музички награди, во чии рамки спектакуларни настапи имаа бројни музички ѕвезди, како што се Ед Ширан, Роби Вилијамс, Емели Санде, Бруно Марс, Кејти Пери, „Литл микс“ и други. Настанот го следеа во живо милиони гледачи ширум целиот свет, благодарение на директниот пренос на Јутјуб, па за сите оние кои го пропуштија вчерашното шоу, но и оние кои сакаат уште еднаш да уживаат со одличните изведби на горенаведените музичари, снимките Ве очекуваат во продолжение. Уживајте!

 

Како и на секое доделување на музички награди, така и вчера му беше оддадена почит на музичките икони што ги изгубивме минатата година, па во чест на британската ѕвезда Џорџ Мајкл своите спомени ги споделија неговите долгогодишни соработници, едната половина од некогашното дуо „Уем“, Ендру Риџли и придружните вокали Пепси и Ширли, а потоа неговиот колега Крис Мартин ја отпеа баладата „A Different Corner“. Како изгледаше сето тоа можете да погледнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑