Свет NOV4733ac_madonnapsy_bmp

14 ноември, 2012

Погледнете ги Мадона и Псај во „Гангнам стил“

Мега ѕвездата Псај и се придружи на сцената на поп кралицата Мадона за време на нејзиниот концерт во Медисон Сквер Гарден во Њујорк, кое се одржа во вторникот. Тие заедно го изведоа танцот од популарниот мега хит пред приближно 20 000 луѓе.

Таа изјави дека Псај долетал утрото директно од Франкфурт, Германија, како и тоа дека е негов голем фан и ја сака неговата музика. Псај на ова одговори дека имал многу прекрасни искуства во изминатите неколку месеци, но ова е дефинитивно на врвот на неговата листа.

Мадона одржа концерт две вечери со ред, со цел да собери средства за настраданите од угаранот Сенди. Фановите фрлаа пари на сцената кога таа го пееше големиот хит „Like a Virgin“. Таа изјавила дека од првата вечер собрала 3000 долари.

 



Врати се горе ↑