Балкан spek-2CELLOS

14 ноември, 2012

Погледнете ги „Ту челос“ со едно класично дело

Популарното хрватско дуо „Ту челос“, кое се прослави со преработките на најголемите рок и поп хитови, сепак му останува верно и на класичната музика. Денеска на нивниот официјален канал на YouTube е поставено малку постаро видео, но вреди да се погледне. Во оваа снимка од хуманитарниот концерт кој се одржа минатата година во Токио, Шулиќ и Хаусер ја изведуваат „Largo“ од Антонио Вивалди. Верувам дека сите љубители на класичната музика ќе уживаат во нивната изведба, особено затоа што е реткост да се види ова дуо во класично издание.

 

 



Врати се горе ↑