Видео dp-lytd

27 август, 2013

Погледнете дел од новиот видео запис на Дафт Панк

На јубилејното 30-то доделување на музичките видео награди на MTV, кое се одржа ноќта помеѓу недела и понеделник (кои се наградените видео записи и термините за репризите можете да видите овде), француското дуо Дафт Панк прикажа дел од видео записот за актуелниот сингл „Lose Yourself To Dance“. Како и во претходниот хит сингл „Get Lucky“, така и овде е собрана истата екипа – Фарел Вилијамс како вокал и продуцентот и фронтмен на групата Шик, Најл Роџерс на гитара.

На доделувањето на MTV VMA, Дафт Панк се појавија како презентери на наградата за „Најдобар видео запис од женски изведувач“, која ја доби Тејлор Свифт. Во продолжение погледнете го едноминутниот инсерт од „Lose Yourself To Dance“.

 



Врати се горе ↑