Балкан jennifer-lopez-2012-7_191144-1440x900

22 ноември, 2012

Погледнете дел од интервјуто на Џеј Ло

Американската поп дива Џенифер Лопез по завршувањето на концертот кој се оддржа завчера во Комбанк арената во Белград каде што пееше пред 18000 публика, даде интервју за познатиот водител Огнен Амиџиќ. Џенифер истакнува дека ова и бил еден од најдобрите концерти кои ги имала во животот. „Беше феноменално, прекрасна публика, многу деца…. Мислам дека ова ми е еден од трите најдобри настапи“ – вели Лопез во интервјуто. Џеј Ло истакнува дека еден од најубавите моменти на концертот и бил кога и фрлиле перниче на кое пишувало Те сакам, бидејќи за неа најдобрите моменти биле оние кога може да комуницира и да се ракува со публиката. Ова е дел од нејзиното интервју за Амиџиќ, а целосното ќе може да се погледне на 27-ми ноември.

 



Врати се горе ↑