8 јуни, 2016

Погледнете дел од атмосферата на првиот „Скопје колинг“

Во неделата вечерта, во арената „Филип II“ во Скопје, илјадници посетители уживаа во првото издание на фестивалот „Скопје колинг“, каде што главна ѕвезда беше светски познатиот диџеј и продуцент Дејвид Гета, како и специјалните гости диџејот Робин Шулц и ѕвездата во подем Ера Истрефи.

Со одлична организација од страна на „Авалон продукција“, настанот беше вистински спектакл, досега невиден на овие простори. За сите што го пропуштија овој фестивал, како и оние кои сакаат да се потсетат на одличната забава во неделата, „Авалон“ денеска објави и 4-минутно видео од настапот на главната ѕвезда, кое ве очекува горе, а дел од атмосферата можете да погледнете и во галеријата на Фејсбук.

13346757_1293120144049343_616121947289677617_n

Следните настани во организација на „Авалон“ се претстојните концерти на светските ѕвезди Енрике Иглесијас и Џон Њуман, за кои влезниците се речиси распродадени. Познатиот латино заводник за првпат ќе настапи пред македонската публика на 20 јуни, понеделник, а веќе следниот ден, 21 јуни, е закажан и концертот на неговиот колега од Велика Британија. И двата настани ќе се одржат во СЦ „Борис Трајковски“.

Повеќе детали за влезниците за Енрике овде, а за Њуман овде.



Врати се горе ↑