Настани 12065584_1079072768791900_1888323851647778754_n

8 октомври, 2015

„Поетри слем Македонија“ со хуманитарен слем настан!

„Поетри слем Македонија“ ги поканува сите хумани луѓе, пријатели и вљубеници во убавата реч да дојдат да ги слушаат, заедно да се забавуваат и низ песни и смеа да му помогнат на Јоце да го реализира своето лекување во Русија.

КОГА? Сабота, 10 октомври.

КАДЕ? Во галеријата на Кинотека на Македонија.

КОИ? Елена Пренџова, Игор Трпче, Перо Сарџоски, Цвета Колева, Жаклина Филипова- Свеќаровска, Снежана Стојчевска, Тони Павлески, Виктор Јакимовски, Исток Улчар, Кети Јованова, Мила Гроздановска, Наде Поп-Гаврилова, Ристе Иракоски + отворен микрофон

КОЛКУ? Влезница 100 ден. СИТЕ СОБРАНИ СРЕДСТВА СЕ НАМЕНЕТИ ЗА ЛЕКУВАЊЕТО НА ЈОЦЕ ВО МОСКВА. Јоце Блажевски e 28-годишно момче кое боледува од церебрална парализа. За неговиот последен третман со пресадување на матични клетки се потребни 13.000 евра. Да донираме со влезница или пак во кутија за донации или пак на телефонските броеви:

ВИП: 077 143 314
Т-МОБИЛЕ: 070 143 109

ШТАНД СО ПРОДАЖБА НА КНИГИ? Донација на книги од Сузана Турунџиева, кои ќе се продаваат по цена од 150 ден.

ЗОШТО? Затоа што добро се чувствуваме кога добро правиме, најдобро кога добрината има позитивен исход!



Врати се горе ↑