16 декември, 2015

„Поетика“ со песна посветена на Битола

Битолската рап група „Поетика“ деновиве претстави уште една песна што ќе се најде на претстојниот албум насловен „Ултиматум“, од кој веќе имавте можност да ја слушнете насловната тема и песната „Дали сте сериозни?“. Со овој нов сингл насловен „Граду мој“, во изведба на Дејан Трајчевски (Поетика) и Боб Ем-си, групата се обиде да ја отслика состојбата во која се наоѓа Битола во моментов.

Музиката е преработка од битолскиот евергрин „Граду сакан мој“ од познатата пејачка Сашка Петковска, за аудио продукцијата и монтажата на видео записот се погрижи Дејан Трајчевски, а снимател е Илче Блажевски. Каква е моменталната состојба во најопеаниот македонски град низ призмата на младите битолчани ќе дознаете горе.



Врати се горе ↑