29 декември, 2014

„Поетика“ го претстави видео записот за „Ултиматум“

Битолската рап група „Поетика“ во саботата го промовираше својот нов видео запис за песната „Ултиматум“. Ова е четврта екранизација за битолските рапери, а воедно и најава за вториот албум на групата, кој ќе биде објавен кон средината на 2015 година. Видео записот е сниман на повеќе локации низ Битола, како што се Домот на АРМ, скејт паркот итн, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе.

„Поетика“ е формирана во 2010 година и е составена од две „подгрупи“ – „Секогаш на своето“ (Џои и Владе) и „Реален аспект“ (Стефан, Јове и Декс). Сите нивни песни, вклучувајќи ја и соработката со скопската група „Двоен сомнеж“, можете да ги преслушате на сервисот „Саунд клауд“.

И.Ј.



Врати се горе ↑