Македонија skopski_1

12 ноември, 2014

Подгответе се за „Скопски фестивал 2014“

Вечерва со почеток од 20 часот и 15 минути на првиот канал на МРТ ќе имате можност да го проследите директниот пренос од „Скопски фестивал 2014“. Востановен како пандан на „Сан Ремо“ и големите фестивали во регионот, Фестивалот на забавни мелодии „Скопје“ во текот на својот историски развој, ја потврди и оправда заложбата да се има своја автохтона музичка сцена и израз кој ќе кореспондира со најсовремените музички текови во моментот.

Голем број на авторски и интерпретаторски имиња својот професионален и уметнички кредибилитет го градеа паралелно со развојот на фестивалот, збогатувајќи ја македонската музичка продукција на забавни мелодии. Огромниот број песни и хитови коишто траат до ден денес, го потврдуваат реномето на фестивалот кој заслужено стана – не само фестивалски бренд на МРТ, туку и репер за создавањето на сите други фестивали во земјава.

Во годината на своите значајни јубилеи: 70 години на Македонското Радио и 50 години на Македонската Телевизија, но и во пресрет на прославата на 60 – тото јубилејно издание на Изборот за песна на Евровизија, кој идната година ќе се одржи во Виена, Австрија, вечерва, 12 ноември, на спектакуларната сцена во „Метрополис“ арената во Скопје ќе се одржи новото издание на Фестивалот на забавни мелодии – Скопје 2014.

На фестивалот ќе бидат исполнети дваесет нови композиции, а македонските музички ѕвезди ќе настапат во придружба на големиот Ревиски оркестар на Македонската радио телевизија. За трите најдобри ќе бидат доделени вредни парични награди: 20 илјади евра во денарска противвредност за првопласираната, 15 илјади за второпласираната и 10 илјади евра во денарска противвредност за трето пласираниот инерпретатор и композиција.

Кој ќе го обезбеди билетот за Евровизија 2015, одлучуваат гледачите преку телевоутинг и членови на меѓународно стручно жири од седум Европски радио-дифузни сервиси, во однос 50 : 50%, според евровизискиот принцип на одредување на победникот. Секое национално жири ќе биде составено од по 5 члена, личности од светот на музиката потврдени во својата област со професионален кредибилитет и богата домашна и интренационалнa биографија или кариера.

Во ревијалниот дел на фестивалот оваа година настапуваат специјалните гости, поп дивите на македонската музичка сцена, Калиопи и Каролина коишто и самите се дел од историскиот развој на Скопскиот фестивал, а истовремено се и на двапати секоја одделно, македонски представници  на Изборот за песна на Евровизија. Наградата за животно дело и придонес во создавањето и афирмирањето на Скопскиот фестивал, а со тоа и на македонската музичка историја, ќе му се додели на композиторот Димитар Масевски, којшто целиот свој работен век го помина во МРТ.

Спектакуларната сцена, долга 25 метри со моќни аудио– визуелни перформанси, дизајнирана по теркот на големите Евровизиски сцени, ќе биде во функција на секој од интерпретаторите и изведбата во живо на нивните композиции. Водител и на ова издание на Фестивалот на забавни мелодии – Скопје 2014 е нашиот познат актер  Васил Зафирчев, чијшто водителски и музичко-сценски перформанс ќе направи магично поврзување на историскиот развој на музичките феномени од културолошки аспект: Скопскиот фестивал и Изборот за песна на Евровизија.

Фестивалот на забавни мелодии „Скопје“ е еден од најважните проекти на МРТ и Секторот за културно- уметничка програма на МРТ, чијшто креативен тим веќе неколку месеци по ред работи на новото издание на фестивалот. Уметнички директор на фестивалот е Валентино Скендеровски, диригент на големиот Ревиски оркестар на МРТ е Љупчо Мирковски, а режисер на директниот телевизиски пренос вечерва, со почеток во 20 часот и 15 минути, којшто ќе биде пренесуван и на сателитскиот канал на МРТ, а  истовремено следен и од ЕБУ, ќе биде Миле Гроздановски.

Редоследот на композициите коишто ќе ги слушнете вечерва е следниот:

Композиција Изведувач         Музика        Текст      Аранжер
1.Ало  

   Лена Заткоска

 

   Ристо Самарџиев    Ристо Самарџиев   Владимир Дојчиновски
2. Ако ми се вратиш     

 Тања Царовска

 

  Тања Царовска    Тања Царовска    Дарко Димитров
3. Есенски лисја        

 Даниел Кајмакоски

 

 

Јоаким Персон

 

  Александар Митевски

Даниел Кајмакоски

 

 Бобан Апостолов

Александар Митевски

Далибор Грубачевиќ

4. Се плашам   

Вера  Јанковиќ

 

Дарко Тасев

 

 

Весна Малинова

 

 

Давор Јордановски

 

5. Север–Југ   Ристо Самарџиев

  Влатко Илиевски

 

Владимир Дојчиновски

 

   Ристо Самарџиев   Владимир Дојчиновски
6. Да не те сакам  

Евгенија Чанчалова – Еги

 

 

Григор Копров

 

 

Јелена Булинац

 

  Владимир Дојчиновски
7. Срце чува спомени  

Александра Михова

 

   Андријана Јаневска  Вероника Стојановска   Андријана Јаневска
8. Сонце низ облаци    Лидија Кочовска

   Маријан Стојановски

 

Трајче Ставрески

 

 

Маја Павловска

 

  Љупчо Трајковски-Фис
9. Ни  „Љ“  од љубовта    

 Јоце Панов

 

Саша Драгиќ

 

 

Владо Јаневски

 

 

Никша Братош

 

10. Миг без тебе     Сања Керкез

   Горан Наумовски

 

Андријанан Јаневска

 

  Андријана Јаневска   Андријана Јаневска
11. Марија       Александар Тарабунов

    Тони Михајловски

   Роберт Билбилов  

Тони Михајловски

 

  Роберт Билбилов
12. Во твојот свет  

Александра Јанева

 

 

Ванчо Димитров

 

 

Ана Пандевска

 

 

Дамјан Лазаров

 

13. Заљубен  

Наташа Мијатовиќ-Мијата

 

 

Тања Царовска

 

   Тања Царовска    Роберт Билбилов
14. Брод што тоне    Тамара  Тодевска  

Роберт Билбилов

 

   Роберт Билбилов    Роберт Билбилов
15. Сакам да летам  

Сања Ѓошевска     

 

 

Дуке Бојаџиев

 

   Дуке Бојаџиев    Дуке Бојаџиев
16. Знам  

Наде Талевска

 

 

Александар Масевски

 

  Биљана Пашариковска   Александар Масевски
17. Една единствена  

Викторија Лоба

 

 

Јован Јованов

 

 

Елвир Мекиќ

 

  Јован Јованов

Иван  Јованов

18. Само за тебе  

Верица Пандиловска

 

 

Салваторе Монети

 

 

Јасмина Кантарџиева

 

 

Љупчо Мирковски

 

19. Блуз за…  

Нина Јанева

 

 

Давор Јордановски

 

 

Тони Михајловски

 

  Давор Јордановски
20. Сѐ што ти ветив   

Димитар Андоновски

 

 

Лазар Цветкоски

 

 

Магдалена Цветкоска

 

  Лазар Цветкоски

 Извор и фотографија: mrt.com.mk



Врати се горе ↑