Настани 67e23a34-bdb9-4900-8f7f-6b07169f3e83

3 декември, 2014

Подгответе ги фанфарите: „Егзит“ го слави 15. роденден

Од своите скромни, но храбри почетоци, кога во 2000 година беше основан како студентско движење во борбата за слобода и демократија во Србија, „ЕГЗИТ“ за време на 15те години постоење израсна во „Најдобриот голем европски фестивал“! Покрај оваа престижна титула со која се закити во јануари оваа година, „ЕГЗИТ“ може да се пофали и со досегашната посетеност од повеќе од 2,5 милиони луѓе од повеќе од 60 земји од целиот свет, како и статусот на неприкосновен музички и туристички настан не само во Србија, туку и во целиот регион.

Огромниот меѓународен углед, поворките фанови од целиот свет, неверојатната локација и јубилејната година ветуваат дека следното издание на „ЕГЗИТ“ ќе биде едно од најдобрите до сега! Со голема роденденска журка ќе биде одбележано продолжувањето на седумдневната летна авантура! „ЕГЗИТ“ фестивал ќе се одржи од 9 до 12 јули на Петроварадинска тврдина во Нови Сад, додека втор пат по ред „СИ ДЕНС“ Фестивал ќе се одржи од 16 до 18 јули на плажата Јаз во Црна Гора.

„Рок@ЕГЗИТ“ (Rock@EXIT) фестивалот кој беше успешно лансиран минатата година со „Квинс оф д стоун ејџ“ како хедлајнери, оваа година ќе биде претставен за време на фестивалот како посебна целина, во рамки на која ќе настапат некои од најинтересните рокенрол бендови од регионот и целиот свет! Најавите на првите изведувачи очекувајте ги наскоро!

На ЕГЗИТ-овиот јубилеј поканети се сите, од петнаесетгодишните врсници на фестивалот родени таа дамнешна 2000 година, сè до добрите, стари „ЕГЗИТ“ фанови, кои со својата енергија и го изградија фестивалот, а кои денес можеби се родители на оние истите петнаесетгодишници!

Како и претходните години, „ЕГЗИТ“ за декемвриските купувачи на влезниците подготви фантастични попусти! Во петок, 12 декември точно во 12.00 часот во продажба ќе бидат пуштени влезниците по цена од 3199 денари за четирите дена на „ЕГЗИТ“ фестивал на Петроварадинска тврдина. Но тоа не е сè! Оние кои ќе купат комплет влезници во рамки на оваа акција ќе бидат наградени со влезница за ЕГЗИТ АВАНТУРАТА, односно добиваат бесплатна влезница за „СИ ДЕНС“ фестивалсо услов за регистрација за „Си Денс“, која ќе се спроведува преку сајтот www.gigstix.com од 1 до 31 март 2015. Тоа е дури 70%попуст во однос на регуларната цена за „ЕГЗИТ“ авантурата!

Истотака, на 12 декември на пладне во продажба ќе се најдат и строго ограничен број влезници за три дена на „Си Денс“ фестивал по цена од 1899 денари, што е дури 50% попуст од регуларната цена!

Продажбата на влезниците во Македонија ќе се спроведува преку продажната мрежа на МКтикетс, а сите информации ќе бидат достапни и на официјалната интернет страница на фестивалот, www.exitfest.org. Бројот на промотивните влезници е строго ограничен.

Редовната цена на влезниците за ЕГЗИТ ФЕСТИВАЛ ќе биде 111€, за ЕГЗИТ АВАНТУРА (ЕГЗИТ + СИ ДЕНС) 170€, а за СИ ДЕНС ФЕСТИВАЛ 59€.



Врати се горе ↑