Настани ESC_Buehne_00

7 мај, 2015

Подготвена е евровизиската сцена во Виена

Уште само десетина дена нè делат од јубилејното 60. издание на „Евровизија“, па организаторите и учесниците веќе привршуваат со подготовките за најгледаниот музички спектакл на стариот континент. Официјалната веб страна на фестивалот денеска објави фотографии на коишто може да се види како ќе изгледа сцената каде што ќе настапат претставниците на вкупно 40 земји учеснички за годинава.

Фотографии: Roman Zach-Kiesling (Eurovision.tv)

Со подготовките привршува и нашиот претставник Даниел Кајмакоски, кој деновиве откри дека на сцената ќе го придружува триото „Мрџ“, составено од поранешни членови на легендарната ар-ен-би група „Блекстрит“. Кајмакоски ќе настапи во првата полуфинална вечер под реден број 8.

Како што е познато, годинава во натпреварот се вклучува и Австралија, чиј претставник Гај Себастијан ќе настапи директно во финалето, а жителите на земјата на кенгурите ќе можат да гласаат во трите вечери. Доколку сè уште не сте ги слушнале песните коишто годинава ќе се борат за титулата „Песна на Евровизија“, во продолжение Ве очекуваат три пригодно составени плејлисти според редоследот по кој ќе настапуваат на двете полуфинални вечери, закажани за 19 и 21 мај, а без официјален редослед се ставени песните за финалето кое ќе се одржи на 23 мај.

Прва полуфинална вечер, 19 мај

 

Втора полуфинална вечер, 21 мај

 

Финале, 23 мај

 

Ако веќе Ве зафати евровизиската еуфорија, прочитајте и за историјата и скандалите на фестивалот, како и „упатството за обложување“ и годинешните фаворити.

И.Ј.



Врати се горе ↑