Македонија 28.01.crossroad1

28 јануари, 2013

Поддржете ги Игор Станоевски и „Кросроуд блуз бенд“

Во моментов се одржува натпреварот за рок и блуз гитаристи „Плејкросроудс“, на кој се пријавени гитаристи и бендови од целиот свет. Меѓу пријавените од Македонија се и младиот Игор Станоевски, познат како IGIMAN, кој денеска се најде на насловната страница како артист на денот, како и прилепскиот состав „Кросроуд блус бенд“.

Станоевски кариерата ја започнал на 16-годишна возраст, кога неговиот неверојатен талент бил препознаен од „Јамаха“ и станува нивно заштитно лице за Македонија во 2003 година. Меѓу неговите многубројни успеси, еден од најголемите е солистичкиот настап на Блуз едн соул фестивалот, како и настапот со гитаристот на Мајкл Џексон, Грег Рајт.

Натпреварот ќе трае до 8-ми Март, а најдобрите 100 гитаристи ќе бидат разгледани од жири и еден од нив ќе има чест да свири со Ерик Клептон.

За да го поддржите Игор, посетете го овој линк: www.playcrossroads.com/u/IGIMAN

За да ги поддржите Кросроуд Блуз Бенд: www.playcrossroads.com/u/salebluesman77



Врати се горе ↑