Настани 1376476_624287827614264_199348572_n

1 октомври, 2013

Поддршка за Ацо Конга и со часови по зумба!

По апелот од Јоце Панов за помош на неговиот колега, цела Македонија се активираше на различни начини да го помогне лекувањето на Ацо Конга, а покрај хуманитарните забави кои викендов ќе се одвиваат ширум земјата, уште еден интересен начин (се разбира поврзан со музиката) за поддршка се и часовите по зумба кои се организирани од Fit One. Имено, викендов (5-ти и 6-ти октомври) ќе се одржат два часа, а парите кои ќе се уплатат одат директно на негова сметка. Интересно е и тоа што секој што ќе донира, ќе може да се запише со име и презиме и да напише порака за него, а пораките ќе му бидат врачени лично нему. Еве што пишува за организацијата на овој настан:

„Присуството на Ацо Конга во Зумба Фитнес во Македонија, предизвика самиот развој на Зумба Фитнес програмата во Македонија да биде со поголем квалитет и побрзо да се рашири до самите вежбачи! Ацо како музичар е присутен на Зумба Фитнес забавите од самиот почеток, и остави свој печат што го направи амбиентот на забавите да биде исполнет со возбуда и дополнет со екстра позитивна енергија!

Во тешките моменти за Ацо, Fit One и нивното членство изразуваат јасна поддршка и желби за полесно и побрзо Ацо да се врати и ни се придружи во ширењето на позитивната Зумба енергија.

Ние, во Fit One даваме поддршка со организирање на два Зумба Мастер часови, а средствата собрани од настанот ќе бидат донирани на сметката на Ацо Конга. На Зумба Мастер часовите ќе се потрудат сите присутни водени од Зумба Фитнесс инструкторите на Fit One да генерираат доволна позитивна енергија за да му помогнат на Ацо Конга да истрае во тешките моменти.

Ацо, отсекогаш си нè надополнувал со насмевка и со твојата позитивна енергија, сега ние ти враќаме со песна и танц, со цел да достигне Зумба енергијата до тебе и те направи посилен во борбата против злото.

Искрени желби за оздравување од
Тимот и членството на FIT ONE!!! 

1. Зумба Мастер Час во Општина Аеродром :
– место: ОУ Ѓорѓија Пулевски (фискултурна сала)
– датум: 05 Септември, сабота
– време: од 18:00 до 20:00
2. Зумба Мастер Час во Општина Карпош:
– место: ОУ Вера Циривири – Трена (фискултурна сала)
– датум: 06 Септември, недела
– време: од 17:00 до 19:00

Минимална уплата за присуство на часот: 200 денари (оставена е можноста за донација во вредност по свој избор)! Ќе постои список на учесници, кои по свој избор ќе впишат, Име и Презиме, висина на донација и коментар. Списокот ќе биде доставен лично до Ацо Конга!“



Врати се горе ↑