Аудио

8 февруари, 2017

„Подарок“ од Сапламаев, музика што раѓа уникатни чувства

Композицијата „Gift“, која ја објави Сапламаев, е нешто ново и уникатно на македонската музичка сцена. Во композицијата владеат примеси од класична музика и македонски звуци. За ваквата музика тој вели дека не бара инспирација, дека некогаш е најдобро да се остави умот и срцето да се опуштат и дека секој може така да го постигне тоа што го сака.

Влатко Сапламаев е млад музичар кој има завршено џез пијано на музичката академија на Универзитот „Гоце Делчев“ во Штип. Со години свири во различни бендови и од неодамна реши да креира нешто свое. Ова е првата авторска пијано композиција на Сапламаев и ја има крстено „Подарок“ затоа што тој сака таа да биде подарок од него за сите кои би ја слушнале.

Влатко препорачува песната да се слуша кога секој е сам со себе за да се постигне најголемиот можен ефект. Неговата композиција раѓа уникатни чувства кои не секогаш можат да се најдат во секојдневниот живот, а како звучи неговиот „Подарок“ можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑