Македонија

30 мај, 2017

Почна распустот за Виктор Апостоловски

За Виктор Апостоловски веќе започна летниот распуст, но за разлика од учениците кои со нетрпение ги очекуваат безгрижните летни денови, музичарот сепак наредниот период ќе го помине работно, во студио. Според објавата на Фејсбук, наскоро можеме да очекуваме многу новости од популарниот битолчанец.

виктор

Тој сè уште е актуелен со одличниот микс на најголемите латино хитови од изминативе неколку години, а последното авторско дело што го слушнавме од него беше минатогодишниот сингл „Патетичен“. Со оглед на тоа што сè посилното сонце полека ни го најавува најубавиот период од годината, време е да се прашаме Каде на одмор?“, па додека го очекуваме најновото од Виктор, уживајте токму со оваа негова тема!



Врати се горе ↑