Концерт

3 јули, 2019

Почна продажбата на влезници за концертот на Тамара во Охрид

Од утрово започна продажбата на влезниците за концертот на Тамара Тодевска во Охрид, кој ќе се одржи на 27 јули во Античкиот театар. Влезниците се во продажба во три категории, односно 500 денари е цената за партер (стоење), 600 денари чинат сребрените, а 700 денари златните седишта. Концертот е во организација на „Авалон“, така што продажбата се одвива преку нивната продажна мрежа низ Македонија и онлајн на avalon.mk.

Концертот во Охрид доаѓа после историскиот успех на „Евровизија 2019“ во Тел Авив, каде што пејачката го освои досега највисокото место за нашата земја, односно беше прва според гласовите на националните жирија и заврши на 7. место во финалето.

Имајќи ги предвид бројните соработки на Тамара и нејзината поддршка за своите колеги, особено оние помладите кои се на почетокот на кариерата, на концертот сигурно ќе има и специјални гости, а повеќе детали ќе бидат соопштени наскоро.

Продажбата на влезници за концертот на ТАМАРА е започната!Влезниците се достапни низ продажната мрежа на Авалон и онлајн на www.avalon.mk

Gepostet von Avalon Produkcija am Mittwoch, 3. Juli 2019



Врати се горе ↑