Концерт

10 јуни, 2019

Почна продажбата на влезници за Брајан Адамс

Утрово во 9 часот започна продажбата на влезниците за концертот на Брајан Адамс, кој во организација на „Авалон“ ќе се одржи на 13 ноември во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Поделени во четири категории по цени од 1.990, 2.500, 2.990 и 4.000 денари, влезниците можете да ги набавите преку продажната мрежа на „Авалон“ низ Македонија, како и онлајн на avalon.mk.

Канадскиот музичар и сопственик на хитовите „Please Forgive Me“, „Everything I Do (I Do For You)“, „Have You Ever Really Loved a Woman“, „Heaven“ и многу други, во нашата земја доаѓа првпат, а концертот во Скопје е во рамките на актуелната светска турнеја „Shine A Light“, насловена по истоимениот албум.



Врати се горе ↑