Балкан vd

6 март, 2015

Почина Влада Дивљан

По долго боледување, вчера во Виена почина познатиот музичар Влада Дивљан (56). Некогашниот лидер на бендот „ВИС Идоли“ со години се борел со тешка болест, а во последните месеци неговата состојба значително се влошила. За неговата болест јавноста дозна кон крајот на јануари годинава, кога 56-годишниот музичар изјавил дека бил примен во болница во Виена заради проблеми предизвикани од прележано восплаување на стомакот.

 

Кариерата ја започна кон крајот на седумдесеттите години, прво како член на џез-рок групата „Мерлин и вук улице“, а од 1980 до 1984 година беше предводник на вокално-инструменталниот состав „Идоли“, кога всушност и се стекна со голема слава. Оригиналната постава на „Идолите“, покрај Дивљан, ја сочинуваа и Небојша Крстиќ, Зденко Колар, Божа Јовановиќ и Срѓан Шапер. Групата остана запаметена по хитовите „Маљчики“, „Малена“, „Девојко мала“, „Зашто су данас девојке љуте“, „Ретко те виѓам са девојкама и многу други.

 

 

Од 1985 година Влада започна со самостојна кариера, во чии рамки продолжи со поп-рок стилот, истовремено создавајќи и филмска музика. Од август 1991 година до септември 1997 година живееше во Сиднеј, Австралија, по што се врати во Белград. Од јуни 1999 година живееше и работеше во Виена, Австрија, каде што почина. Зад себе ја остави сопругата и двете деца.

 

 



Врати се горе ↑