Свет тп

3 октомври, 2017

Почина Том Пети

Легендарниот рок-музичар Том Пети почина на 66-годишна возраст во Калифорнија, објавија светските агенции. Тој починал синоќа во болница во Лос Анџелес, каде што бил однесен во бессознание по срцевиот удар, кој го добил во својот дом во Мајами.

Пети е познат по хитовите „Free Fallin“ и „American Girl“Неговата кариера е поврзана со рок-групата „Хартбрејкерс“ и со групата „Травелинг вилберис“. Пети и хартбрејкерс“ (Tom Petty and the Heartbreakers) оваа година го започнаа одбележувањето на 40-годишнината со турнеја во САД. Нивните последни три концерти беа во септември во Лос Анџелес. Бендот требаше да свири и на два концерта во Њујорк во ноември.

Пети ја создаде групата „Хартбрејкерс“ кон средината на 70-те години на минатиот век, а во 80-те беше коосновач на „Травелинг вилберис“, заедно со Боб Дилан, Рој Орбисон, Џорџ Харисон и Џеф Лин.



Врати се горе ↑