Свет article_big_1369126596ray-manzarek-650-430

21 мај, 2013

Почина Реј Манзарек од легендарните Дорс

Синоќа во германскиот град Розенхајм, на возраст од 74 години почина коосновачот, клавијатурист и продуцент Реј Манзарек од легендарниот состав Дорс, кој во изминатите години боледувал рак на жолчните канали.

Легендарниот клавијатурист е автор на повеќе хитови како „Break On Through (to the Other Side)“ и „Light My Fire“. Манзарек е роден во 1939 година во Чикаго во семејство на полски имигрант. Покрај што свиреше на клавијатри, Манзарек беше и пејач, продуцент, компизтор и филмски режисер. Тој беше во брак со Дороти со која го доби синот Пабло.

Покрај работата со Дорси, Реј соработувал и со други колеги, меѓу кои и Иги Поп, а автор е на книгата „Light My Fire: My Life With The Doors“, објавена во 1998 година.

 



Врати се горе ↑