Свет iImpY2HWznjY

23 април, 2013

Почина музичарот Ричи Хејвнс – иконата од Вудсток ’69

Музичарот Ричи Хејвнс, кој го отвори легендарниот фестивал Вудсток, почина на возраст од 72 години, јавува агенцијата АП, повикувајќи се на соопштението од семејството. Хејвнс настапил прв на Вудсток во 1969 година, пеејќи со гитара околу три часа, а во текот на тој настап е снимена и култната песна „Freedom“, која е избрана за тројниот албум на кој се најдоа и снимките од великаните на рок и фолк музиката, како што се Џими Хендрикс, Џенис Џоплин, Џо Кокер, Сантана, Грејтфул Дед, Криденс Клирвотер ривајвл, Ху и други.

Со тој настап, кариерата на тогаш малку познатиот Хејвнс тргнала по нагорна линија, а песната „Freedom“ станала химна на фестивалот. АП пренесува дека Хејвенс требало да настапи петти, но било одлучено тој да го отвори фестивалот поради доцнењето на други музичари и групи.

На 40 годишнината од Вудсток, Хејвнс изјавил дека сè во неговиот подоцнежен живот и кариера е поврзано со тој настап. Тој снимил повеќе од 25 албуми, а настапувал и како актер во првата театарска постава на рок операта „Томи“ од групата Ху и уште во неколку други филмови. Во продолжение погледнете ја изведбата на познатата песна на легендарниот фестивал Вудсток во 1969 година.

 

 



Врати се горе ↑