Свет Maurice White

5 февруари, 2016

Почина Морис Вајт од легендарните „’Рт, уинд енд фајр“

Основачот на легендарната диско и соул група „’Рт, уинд енд фајр“, Морис Вајт почина вчера, на возраст од 74 години. Музичарот страдал од Паркинсонова болест, која му била дијагностицирана во 1992 година, но неговата здравствена состојба значително се влошила во текот на изминативе неколку месеци.

Неговиот бенд зад себе остави бројни хитови како што се „September“, „Let’s Groove“, „Boogie Wonderland“,  „After the Love has Gone и други, а има продадено повеќе од 90 милиони албуми ширум светот.

Во едно интервју за АП во 2000 година, Вајт изјавил дека сака музиката на групата да ги инспирира луѓето, а не само да ги забавува: „Тоа ни беше единствената цел, да се обидеме да ги инспирираме младите луѓе да веруваат во себе и да ги реализираат своите идеи. Мислам дека со нашите песни навистина допревме до многу луѓе.“

Последниот албум на групата што го продуцираше Вајт е 19. издание „Illumination“, објавено во 2005 година. Оттогаш, актуелниот состав на бендот објави уште два албума, еден во 2013 и еден во 2014 година.

„’Рт, уинд енд фајр“ годинава се едни од добитниците на наградата Греми за животно дело.

 



Врати се горе ↑