Македонија

12 ноември, 2018

Почина македонскиот блуз-музичар Сале Дворчанец

„После 3 недели борба, 3 недели на ’крстопат’, Сале вчеравечер го одбра патот кон светлината. На место каде нема повеќе болка, туку само мир вечен. Нека Бог му подари Царство небесно! Да му кажеме последно ЗБОГУМ… ДЕНЕС: 11.11.2018 во Капелата на Новите градски гробишта во Прилеп, од 12.00 до 15.30 часот“, со овој статус на неговиот профил на Фејсбук, вчера, 11 ноември 2018,  најблиските, членовите на бендот, другарите, пријателите… се простија од Александар Дворчанец, вокалниот солист и изведувач на усна хармоника на култната македонска група која го негуваше блузот како правец и стил на сопствено музицирање, прилепчаните „Кросроуд блуз бенд“ (Crossroad Blues Band), кои го отворија и годинешниов „Блуз и соул фестивал 2018“.

За жал, македонската рок-музика, особено блузот како еден од нејзините автентични правци кој многу малку домашни музичари вистински го негуваат, повеќе нема никогаш да биде ист со заминувањето на легендарниот Сале Блузмен. Зашто тој не само што го сакаше, свиреше и пееше, туку блузот и го живееше.

Вечна му слава…

Извор: Вистина.мк



Врати се горе ↑