Македонија

6 декември, 2018

Почина Љубиша Георгиевски

Утрово на 81 година почина театарскиот и филмски режисер, драмски писател, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра Љубиша Георгиевски.

Тој е роден во Битола на 30 мај 1937 година.

На македонската јавност ѝ е познат и како кандидат за претседател во 1994 година, беше амбасадор во Бугарија од 2000-2004 и претседател на Собранието на Република Македонија од 2006-2008.

Веста за смртта на Георгиевски на социјалните мрежи ја објави актерот Роберт Вељановски.

„Утринава Македонија се збогува со еден од најголемите нејзини синови! На 81-годишна возраст, почина најголемиот македонски театарски режисер, еден од најголемите умови што се родиле под македонското сонце, професорот Љубиша Георгиевски!!! Утринава почина мојот театарски татко!!! Бог да те прости професоре и да ти подари царство небесно!!!“, напиша Вељановски.

Утринава Македонија се збогува со еден од најголемите нејзини синови!На 81 годишна возраст, почина најголемиот…

Gepostet von Роберт Вељановски am Donnerstag, 6. Dezember 2018

Извор: Курир



Врати се горе ↑