Свет чб

21 март, 2017

Почина легендарниот Чак Бери

Еден од основачите на рокенрол музиката, за кого се вели дека е таткото на овој музички правец, Чак Бери почина викендов во својот дом во областа Сент Чарлс во американската држава Мисури, во 90. година од својот живот. „Johnny B-Goode“, „Roll Over Beethoven“, „You Never Can Tell“ се само дел од неговите легендарни, светски познати хитови.

Во 1984 година ја освои престижната награда Греми за животно дело, а во 1986 година влезе во Рокенрол-куќата на славните. Минатата година го најави својот нов албум „Chuck“, што го посвети на својата сопруга Темети Бери со која беа во брак 68 години. Тоа воедно е и неговиот единствен албум во последните 38 години.

Зад себе остави над 50 студиски и компилациски албуми, и педесетина официјални синглови, а на дел од нив можете да се потсетите во продолжение.

 



Врати се горе ↑