Свет ss

13 март, 2017

Почина легендарната диско дива Џони Слеџ

Џони Слеџ (Joni Slegde) од групата „Систер Слеџ“ (Sister Sledge) е пронајдена мртва во својот дом, во петокот. 60-годишната пејачка беше член на легендарната група што ја основа со своите сестри Деби, Ким и Кејти во 70-тите. Зад нив имаат бројни влијателни хитови како „We Are Family“, „He’s The Greatest Dancer“, „My Guyи „Lost In Music“.

Причината за смртта сè уште не е потврдена, но според нејзиниот претставник за јавноста, Биф Варен, таа е пронајдена мртва во нејзиниот дом во Феникс, Аризона.

Пред да станат славни, сестрите со години се бореле за популарност, што било тешко поради природата на музичката индустрија. По соработката со Најл Роџерс (Шик) и Бернард Едвардс, кои го продуцираа нивниот албум „We Are Family“, постигнаа комерцијален успех и освоија „Греми“ за насловната песна. Продале 1 милион копии од албумот и песната.



Врати се горе ↑