Свет abc_atm_kelly_130502_wg

3 мај, 2013

Почина Крис Кели од рап дуото Крис Крос

Крис Кели, раперот познат како една половина од рап сензацијата од ’90-тите –  Крис Крос, почина на 1-ви мај на возраст од 34 години. Како што пренесуваат американските медиуми, во неговиот дом во Атланта, Кели се предозирал претходната вечер, кога зел комбинација од хероин и кокаин, што веројатно е причина за неговата смрт.

Крис Крос беше рап дуо составено од Кели и неговиот колега Крис „Деди Мек“ Смит, кои беа октриени во трговски центар кога имаа само 13 и 12 години, а нивниот најголем хит беше песната „Jump“ од 1992 година, која ја задржа водечката позиција на топ листите осум недели со ред. Нивниот деби албум „Totally Krossed Out“ исто така беше број 1 хит и е продаден во 4 милиони примероци. Тие издадоа уште два албума пред да се разделат.

На почетокот на годинава беше најавено можното враќање на музичката сцена, но за жал нема да дојде до тоа. Во продолжение да се потсетиме на нивниот најголем хит „Jump“.

 

 



Врати се горе ↑