Балкан

28 ноември, 2018

Почина Игор Боројевиќ – Бора од „Партибрејкерси“

Во понеделникот, 26 ноември, по кусо боледување од тешка болест, во 56. година од својот живот почина Игор Боројевиќ – Бора.

После Цане и Антон, Бора беше музичар со најдолг стаж во познатата група „Партибрејкерси“, со кои го сними можеби најфалениот албум „Партибрејкерси III“. Прво како тапанар, а подоцна и како тонец и продуцент, Бора беше член на Брејкерси речиси три децении.

„Нè напушти прекрасен човек, другар и соработник, најдобриот тонец и продуцент Игор Боројевиќ. Беше шестиот член на бендот долги години. Свиреше тапани на третата плоча… Игоре, никогаш нема да те заборавиме“, се простија од Бора членовите на групата „Партибрејкерси“.

Igor Borojević13.03.1963 – 26.11.2018.Napustio nas je sjajan čovek, drugar i saradnik, najbolji tonac i producent Igor…

Gepostet von Partibrejkers am Montag, 26. November 2018

Игор Боројевиќ е роден на 13 март 1963 година. Со музика интензивно почна да се занимава уште во средно училиште, кога ги имаше и првите настапи со бендот во кој бината ја делеше со Саша Локнер. Свиреше тапани во бендовите „Потоп“ и „Банана“, за кон крајот од осумдесеттите да стане и тапанар на „Партибрејкерси“. После албумот „Партибрејкерс III“ почна да работи и како нивен концертен тонец, студиски снимател и продуцент.

Покрај Брејкерси, Бора го продуцираше и албумот на „Шкртице“, а како снимател и продуцент учествуваше и на албумите на групите „Џа или Бу“, „Бјесови“, „Кристали“, „Пилоти“, „Стрејт џекин“, „Бајага и инструктори“, „Мрави“….

Партибрејкерс

Игор зад себе ја има и десетгодишната работа во студиото „Лаудворкс“ (Loudworks), каде што работеше на синхронизација на цртани филмови, а се потпиша и како автор на музиката за театарската претстава „Трамвајот наречен желба“.

Испраќањето на Игор Боројевиќ ќе се одржи в петок, 30 ноември, во 12 часот на гробиштата во Земун.


Врати се горе ↑