Македонија

28 ноември, 2018

Почина Горан Стефановски

Почина Горан Стефановски, еден од најпознатите македонски драмски автори. Стефановски почина на возраст од 66 години, по кратко, но тешко боледување. Последните години од својот живот ги помина во Велика Британија, во близина на Лондон, од каде што вчера стаса и веста за неговата смрт.

Горан Стефановски е еден од најплодните и најпознати драмски автори, не само во Македонија, туку и пошироко во регинот. Неговите незаборавни драмски текстови се играат на сцени и низ Европа. Зад него остануваат антологиските „Диво месо“, „Тетовирани души“, „Дупло дно“, „Лет во место“ и многу други.

Горан Стефановски е роден на 27 април 1952 година во Битола. Филозофски факултет завршил во Скопје, а студирал на драматургија на Академија за драмски уметности во Белград.

Кариерата ја започнал во Телевизија Скопје, бил асистент на скопскиот Филолошки факултет, професор по драматургија на Драмски во Скопје, член на македонскиот ПЕН центар, на Друштво на писатели, а од 2004 година член на МАНУ.



Врати се горе ↑