Свет marva-whitney

26 декември, 2012

Почина фанк пејачката Марва Витни

Пред неколку дена, на 22-ри декември, на 68 годишна возраст почина фанк пејачката Марва Витни од компликации предизвикани од воспаление на белите дробови, пренесуваат американските медиуми. Витни, чие вистинско име беше Марва Ен Менинг, е најпозната по нумерата „Unwind Yourself“, која подоцна многу уметници ја користеа во својата музика. Пејачката која нејзиниот соработник и пријател Џејмс Браун ја нарекувал „Соул сестра број еден“, ја започна нејзината музичка кариера уште како дете во семејната госпел група Manning Gospel Singers. Како дел од трупата на Џејмс Браун, Витни го придружуваше на неговата турнеја низ Виетнам кон крајот на шеесеттите години од минатиот век.

 

 



Врати се горе ↑