Свет dave-brubeck-obit

6 декември, 2012

Почина џез музичарот Дејв Брубек

Вчера, на само еден ден пред неговиот 92-ри роденден, во раните утрински часови почина познатиот џез музичар Дејв Брубек. Овој џез пијанист во текот на неговата кариера беше огромна инспирација за голем број музичари. Брубек е можеби најпознат со неговата нумера, „Take Five“, а за време на неговата кариера која започнала уште по втората светска војна, а со неговиот Дејв Брубек Квартет беа неизоставен дел од забавниот живот во педесеттите и шеесеттите години на минатиот век.

Наградуван е многу пати во неговиот живот, а добитник е и на Греми наградата за животно дело во 1996 година. Еден од неговите најпознати албуми е „Time Out“, издаден во 1959 година, а беше продаден во повеќе од милион примероци во тоа време и стигна до втората позиција на Билборд листата. Токму на овој албум се наоѓа и најпрепознатливата „Take Five“, на која се потсетуваме во продолжение.


 



Врати се горе ↑