Свет

30 јануари, 2019

Почина ар-ен-би музичарот Џејмс Инграм

Американскиот ар-ен-би музичар Џејмс Инграм почина на возраст од само 66 години, соопшти неговата пријателка Деби Ален на Твитер. Причината за неговата прерана смрт e рак, односно тумор на мозокот.

Во својата повеќедецениска кариера Инграм сними пет студиски албуми и отпеа бројни хитови, закитувајќи се и со повеќе награди и признанија за постигнатото, меѓу кои и две Греми за „One Hundred Ways“ (1984) и за дуетот со Мајкл МекДоналд – „Yah Mo B There“. Тој беше номинран и за Оскар за најдобра оригинална песна во 1993 и во 1994 година, како еден од авторите на „The Day I Fall In Love“ од „Бетовен 2“ и „Look What Love Has Done“ од „Јуниор“.

 

Меѓу неговите најслушани хитови се и „Baby Come to Me“ со Пати Остин (1983), „I Don’t Have the Heart“ (1990), „Just Once“ (1981), „Somewhere Out There“ со Линда Ронстадт (1987) и други. Постигнал големи и успеси и како автор, потпишувајќи се и на хитот „P.Y.T. (Pretty Young Thing)“ од Мајкл Џексон, сместен на историскиот албум „Thriller“, како и на песни од „Поинтер систерс“, Џорџ Бенсон, Реј Чарлс, Шаламар и многу други.



Врати се горе ↑