Свет

5 март, 2019

Почина американскиот актер Лук Пери

Само неколку дена откако доживеа мозочен удар, американскиот актер Лук Пери почина на возраст од 52 години. Последните мигови од животот ги поминал опкружен со семејството и најблиските пријатели. Неговите деца Џек и Софи, вереницата Венди Медисон Бауер, поранешната сопруга Мини Шарп, мајка му Ен Бенет, очувот Стив Бенет, брат му Том Пери и сестра му Ејми Кодер биле со него кога починал, пишува во соопштението од неговиот публицист Арнолд Робинсон.

Пери е најпознат по улогата на Дилан МекКеј во една од најпопуларните серии од деведесеттите – „Беверли Хилс“ – која се емитуваше од 1990 до 2000 година, а последниот ангажман му беше во серијата „Ривердејл“, врз основа на популарниот стрип „Арчи“, каде што го играше таткото на Арчи – Фред Ендруз.

Пери како Дилан во „Беверли Хилс“ со колегите Џејсон Пристли (Брендон) и Шенен Доерти (Бренда)

Играл улоги и во повеќе филмови како што се „Бафи, ловецот на вампири“ (1992), „8 секунди“ (1994), „Петтиот елемент“ (1997), како и во претстојниот „Си беше еднаш во Холивуд“ (Once Upon a Time in Hollywood) со Леонардо ДиКаприо, Бред Пит и Марго Роби, чија премиера е закажана за јули.

По веста за неговата прерана смрт, бројни колеги и соработници се простија од Пери преку социјалните мрежи, изразувајќи жалење што го изгубија својот пријател. Актерката Сара Мишел Џелар (Бафи) сподели фотографија од него и Шенен Доерти (Бренда), пишувајќи: „Средношколските денови ми поминаа во знакот на Бренда и Дилан… ова не требаше да се случи“, а колегата од „Беверли Хилс“ – Ајан Зиринг (Стив) – сподели заедничка фотографија, порачувајќи: „Боже, дај му место близу до тебе, тој го заслужува тоа“.

 

 

Пред само неколку дена беше соопштено и дека „Беверли Хилс“ ќе се врати пред малите екрани, со шест нови епизоди и речиси сите актери од оригиналната постава, но Пери не беше најавен меѓу главните ликови.

View this post on Instagram

Welcome home. @90210onFOX returns this summer to @FOXTV. #90210onFOX  Jason Priestley, Jennie Garth, Ian Ziering, Gabrielle Carteris, Brian Austin Green and Tori Spelling, the original stars of “Beverly Hills, 90210,” the groundbreaking teen drama that defined Southern California life, are set to return to FOX, the network they called home for an entire decade, in a six-episode event series, 90210. Chris Alberghini and Mike Chessler (“90210,” “Awkward”) will write and executive-produce 90210. 90210  comes with a big twist: Priestley, Garth, Ziering, Carteris, Green and Spelling will play heightened versions of themselves in a brand-new serialized drama – with a healthy dose of irreverence – that is inspired by their real lives and relationships. Having gone their separate ways since the original series ended 19 years ago, Jason, Jennie, Ian, Gabrielle, Brian and Tori reunite when one of them suggests it’s time to get a “Beverly Hills,  90210” reboot up and running.  But getting it going may make for an even more delicious soap than the reboot itself.  What will happen when first loves, old romances, friends and frenemies come back together, as this iconic cast – whom the whole world watched grow up together – attempts to continue from where they left off? “‘Beverly Hills, 90210’ left an indelible impact on pop culture and an entire generation,” said Michael Thorn, President, Entertainment, FOX. “Its powerful legacy is an important part of our network’s DNA – bold stories not told anywhere else and bigger-than-life-characters – and we’re honored to bring back the beloved original cast members for 90210.” Spawning generations of imitators, “Beverly Hills, 90210” premiered on FOX on October 4, 1990, when it became an instant pop culture sensation and one of the most adored programs in the network’s history.  Centered on the tony Los Angeles community identified in its title, the show aired for 10 seasons, during which it documented the trials and tribulations of the group

A post shared by Ian Ziering (@ianziering) on



Врати се горе ↑