Видео

8 декември, 2016

Победникот на „Пинковите ѕвездички“ со песна на македонски

Малиот Марко Бошњак, кој триумфираше во минатата сезона на музичката емисија „Пинкови ѕвездички“, ја сними својата прва песна и тоа на македонски јазик! Младиот пејач заедно со хорот на „Златно славејче“ ја отпеа песната насловена „Ние децата“, која ја промовираше на годинешното издание на фестивалот.

„Ние децата“ е авторско дело на Александар Митевски, на гитара гостува Бобан Василески, придружен вокал е Андријана Јаневска, а продуцент е Бобан Апостолов. Видеото, пак, е дело на „Пикадо криејтив колектив“ (Pikado Creative Collective), а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑