17 декември, 2016

Победникот на британскиот „Х фактор“ со емотивно видео за својот прв сингл

Како што Ви пренесовме неодамна, 23-годишниот Мат Тери триумфираше во 13. сезона од британскиот „Х фактор“, а неговиот победнички сингл е сосема нова, оригинална песна што ја потпишува популарниот кантавтор Ед Ширан.

Со оглед на тоа што празници се ближат, победничката песна е со божиќна тема и го носи насловот „When Christmas Comes Around“, а сите собрани средства од продажбата ќе бидат наменети за хуманитарни организации. Токму затоа и во самото видео се прикажани дечињата од двете организации што ќе ги добијат собраните средства, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑