Аудио DZOObypromogitarijada

17 март, 2015

Победниците на 48. „Гитаријада“ го објавија првиот албум

Во белградскиот Дом на млади, на промотивниот настан за претстојното издание на Заечарската „Гитаријада“, групата „Д зу“(D Z00), која минатата година според одлуката на стручното жири беше одбрана за најдобра на територијата на Србија, официјално го претстави албумот којшто го доби како дел од наградниот пакет.

Албумот ’Третата армија на третиот свет’ е материјал којшто за прв пат конкретно ќе ја долови идејата и концепцијата на нашиот бенд. Тоа е музика создадена како резултат на неколку години настапи во живо, изведување на стари демо песни и стекнување со потребното искуство. Мошне сме задоволни од финалниот резултат, а сега ни останува да видиме какви ќе бидат реакциите на публиката“, изјави Филип Будановиќ од бендот, нагласувајќи дека текстовите на осумте нумери, колку што ги има на ова издание објавено за етикетата „ПГП“, се бават со во моментов најактуелните општествени прашања, но и дека тие како автори се труделе да не даваат одговори, туку да поставуваат прашања.

Комплетниот албум е снимен во текот на февруари годинава во студиото „Блејз“ (Blaze), а улогата на продуцент му припадна на Милош Михајловиќ, кој има само пофални зборови и за бендот и за песните.

По концертната промоција во Домот на млади во Белград, „Д зу“ продолжуваат со концертни активности во чии рамки ќе го претстават материјалот од новиот албум. Покрај Србија, ги очекуваат настапи и во Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и кај нас, во Македонија.

Членовите на бендот Филип Будановиќ (вокал), Андреј Пејовиќ (вокал), Бојан Андриќ (бас гитара), Иван Девиќ (бас гитара) и Милош Милин (тапани), имаат само пофални зборови за Гитаријадата и им препорачуваат на сите демо бендови да се пријават на конкурсот за 49. издание (информации за конкурсот www.gitarijada.org/konkurs).

„Гитаријадата зазема посебно место во нашата кариера. Може да се каже дека таа е врв на нашата демо кариера и во таа смисла е фестивал кој ни овозможи забрзан процес за издавање на албум и тоа за издавачка куќа како што е ПГП, но и ред други поволности, во кои секако спаѓа и регионалната турнеја. Гитаријадата навистина се грижи за своите бендови и тоа е главна причина да биде задолжителна станица на патувањето на секој бенд“, едногласно изјавија членовите на бендот.

 Албумот „Треќа армија треќег света“ е најавен со синглот „Земља ничега“, со кој можете да уживате во продолжение.

 



Врати се горе ↑