Балкан mf2

22 август, 2013

Победниците на 47. „Гитаријада“ објавија мини албум

Мад фактори“ (Mud Factory) од Врање, победничкиот состав на овогодинешното 47. издание на „Гитаријадата“ во Заечар, го објави своето прво издание на кое се најдоа шест песни вклучувајќи и интро. Бендот составен од Стефан Милановиќ (вокал), Милан Стефановиќ (гитара), Немања Станковиќ (бас гитара) и Немања Милановиќ (тапани), го сними ова издание во родното Врање под продуцентската палка на Стефан Гаќеша. Мини албумот насловен „Born For Doom“ можете да го преслушате во продолжение, а доколку Ви се допадне, можете и бесплатно да си го симнете од следниот линк.

 

Момците сè уште се под импресии од победата во Заечар, која ја остварија во доста голема конкуренција составена од бендови од цела поранешна Југославија. Како награда добија високобуџетен видео запис, за кој веќе ги снимија првите сцени, а наскоро се очекува и финализирањето на видео презентацијата за една од песните од албумот „Born For Doom“.

„Како што поминува времето, ни се средуваат впечатоците и сфаќаме всушност колку врати ни се отвораат со оваа победа“ – еуфорично изјавил Милан Стефановиќ, гитаристот на групата, а басистот Немања Станковиќ се надоврзал велејќи дека идните планови им се поврзани со промоцијата на ЕП изданието, пред сè на концертни подиуми: „бидејќи пред сè, ние сме лајв бенд и во тоа лежи нашата сила – во директната и ефективна интеракција со публиката“.

 



Врати се горе ↑